Брутален крај на победничката серија на Партизан

Откако славеше на претходните четири меча во сите натпреварувања, Партизан предводен од новиот тренер Мирко Оцокољиќ денеска го доживеа првиот пораз.

Белграѓани на домашен терен беа уништени од Виртус со 68-86 во меч во кој губеа и со 23 поени разлика. Добрата енергија од претходните натпревари не беше искористена, па Партизан направи голем чекор назад кога станува збор за борбата за пласман во плејофот.

Домаќините беа подобри во почетната фаза од мечот, во втората четвртина водеа и со осум разлика (35-27), но потоа Виртус ја презеде контролата над резултатот и до крајот го прегази својот противник.

За два дена Партизан гостува кај Жалгирис, додека Виртус останува во Белград каде в петок ќе се сретне со Црвена Звезда.

РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис - Анадолу Ефес 64-87
Асвел - Баерн 76-74
Партизан - Виртус 68-86
Басконија - Монако 85-73