Германскиот голгетер за пропаднатиот трансфер во Баерн: Сè во животот се случува со причина!
Њукасл по заминувањето на Александар Исак во Ливерпул тргна во потрага по замена и на крајот ја искористи ситуацијата во која Волтмаде не зврши во Баерн и плати 75 милиони евра за Волтмаде. Со бонуси трансферот може да досигне и 90 милиони евра.,
„Кога сфатив дека трансферот во Баерн Минхен нема да се реализира, си кажав: „Во ред, така требало да биде“. Сè во животот се случува со причина. Совршен пример за тоа сум јас, бидејќи сега сум пресреќен во Њукасл. Во спротивно, ова немаше ни да се случи. Навистина цврсто верувам дека сè се случува со причина“, изјави Волтемаде.
Германецот досега одигра 21 натпревар во дресот на Њукасл, при што постигна седум голови и забележа две асистенции.