Македонија ќе добие најмалку девет милиони евра ако се пласира на СП 2026
Доколку македонската фудбалска селекција се пласира на Мундијалот, тогаш ќе добие најмалку 7,6 милиони евра, а притоа ќе добие и околу 1,4 милиони евра за подготовките за настап на СП 2026.
ФИФА за селекциите кои ќе се пласираат од 33. до 48. место ќе додели по 7,6 милиони евра, на тимовите од 17. до 32. место по 9,3 милиони евра. По што наградата се зголемува на 12,7 милиони евра за репрезентациите кои ќе завршат од деветто до 16. место.
Селекциите од петтата до осмата позиција ќе си заработат по 16,16 милиони евра, додека четвртопласираниот ќе инкасира 23 милиони евра, третопласираниот ќе добие 24,67 милиони. За вицепрвакот се резервирани 28 милиони евра, додека за шампионот неверојатни 42,5 милиони.