Конечно, ќе се игра „Финалисима“: Закажан мега-дуелот меѓу Аргентина и Шпанија

Дуелот меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка, Шпанија и Аргентина, попознат „Финалисима“ ќе се одржи на 27 март 2026 година, објави првиот човек на Кралската шпанска фудбалска федерација, Рафаел Лузан.

„Овој сон, наречен Финалисима, ќе се оствари во март“, изјави Лузан за „Ел Чирингито“ на социјалната мрежа X.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Лусаил“ во Катар и тоа ќе биде вкупно четврти ваков дуел во историјата. Круната ја брани Аргентина која во 2022 година ја совлада Италија со 4-0.