Спектакл каков ретко се гледа: Мега-пресметка на Јокиќ и Шенѓун, двајцата имаа трипл дабл (ВИДЕО)

Денвер Нагетс го победи Хјустон Рокетс со 128-125 по продолжение во еден од најблескавите дуели во НБА оваа сезона.

Натпреварот го одбележаа европските мега ѕвезди во двете екипи, Никола Јокиќ и Алперен Шенѓун кои остварија трипл дабл и покажаа дека се едни од најдобрите во лигата. За српскиот центар, тоа беше 12.  трипл дабл во сезоната, а постигна 39 поени, 15 скока и 10 асистенции, додека Турќинот дојде до првиот трипл дабл, со 33 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Во последните 100 секунди имаше дури четири промени на водството и двете екипи пропуштија шанси да победа. Тензијата достигна кулминација кога Амен Томпсон направи прекршок без топка врз Џамал ​​Мареј, кој потоа погоди слободно фрлање на 2,3 секунди до крајот за израмнување на резултатот. Денвер го задржа поседот, но обидот на Јокиќ да погоди од врвот на рекетот беше непрецизен, па натпреварот отиде во продолжение.

Во дополнителните пет минути, Нагетс отидоа на 124-117 по тројката на Спенсер Џонс, но упорните Рокитс се вратија и имаа напад за израмнување на резултатот. Сепак, Шенѓун промаши тешка тројка од повеќе од седум метри на 4,9 секунди до крајот, што му овозможи на Денвер да ја прослави петтата победа во низа и прва на домашен терен од 8 ноември.

Заедно со доминантниот Јокиќ, Џамал ​​Мареј одигра клучна улога во победата на Денвер со 35 поени, од кои шест во продолжението. Мареј беше речиси совршен од линијата за слободни фрлања, погодувајќи 14 од 15 обиди. Победата на Нагетс е уште повредна со оглед на проблемите со повреди со кои се соочува тимот. Ерон Гордон има проблем со тетивата, а Кристијан Браун со скочниот зглоб, додека бекот Пејтон Вотсон мораше да ја напушти играта поради повреда во текот на првата четвртина.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Детроит 105-112
Мајами – Торонто 96-106
Јута – Далас 140-133
Денвер – Хјустон 128-125
ЛА Клиперс – Мемфис 103-121