Пелистер во Кавадарци им се врати на победите

Екипата на Пелистер по двата врзани порази денеска им се врати на победите откако во Кавадарци го совлада Тиквеш со 99-76.

Пелистер патот кон победата започна да го трасира во втората четвртина, откако во првата видовме изедначена игра и домаќинот водеше со 29-28. На одмор битолскиот состав замина со предност од 55-47.

Тиквеш уште еднаш се доближи на стартот од третиот период до 63-60,  меѓутоа тука застанаа, а Пелистер до крајот дојде до водство од 82-66 за во последниот период само рутински да ја заврши работата.

Најефикасен беше Малешевиќ со 26 поени, Дејвис, додаде 24, а Митрески 19. Кај домаќините се издвои Хоукинс со 25.