Бизарен прекин во Србија: Снема струја на стадионот (ВИДЕО)

Необична сцена се случи во натпреварот помеѓу Раднички Ниш и Чукарички во српската Суперлига кој е прекинат откако снема струја.

На самиот старт од второто полувреме по само четири минути игра одеднаш настана целосна темница на стадионот, па судијата беше принуден да ги испрати фудбалерите во соблекувалната.

Резултатот во моментот на прекинот беше 1-1, а головите беа постигнаати во првото полувреме. Чукарички можеше да дојде и до предност, но не реализираше најстрога казна.