МЗТ Скопје моќно го среди Кожув! (ФОТО)
Во првата четвртина гостите успеваа некако да се носат со поквалитетниот противник, по тие десет минути МЗТ Скопје имаше предност од 22-19, а победникот беше решен во вториот период кога момците од Аеродром почнаа да создаваат недостижна предност. На полувремето домаќините имаа водство од 51-34.
Третиот период беше најдобриот за МЗТ, го добија со 36-19, создадоа највисоко 34 поени разлика. Во последните десет минути влегоа релаксирано и му дозволија на Кожув да намали малку од негативата. Конечниот резултат беше 101-79.
Магдевски со 21 поен беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје, Гил постигна 19, Петков 15. Најдобар кај Кожув и воопшто на мечот беше Вашингтон со 30 поени.





