Флик конечно дочека и добри вести

Фудбаалерите на Барселона, денеска  гостуваат на Бетис, а Ханси Флик конечно доби и добри вести пред дуелот во Андалузија.

Според најавите, Френки Де Јонг и Фермин Лопез се вратиле во тимот по полесните повреди, што секако е одлично посебно по повредата на Дани Олмо во минатото коло против Атлетико Мадрид.

Се очекува Де Јонг денеска и да биде стартер, додека Фермин би можел да влезе во второто полувреме.

Надвор од тимот од претходно се Марк Андре Тер Штеген, Пабло Гави, Олмо и Роналд Араухо кој се соочи со психолошки проблеми по поразот од Челси, дуел во кој заработи црвен картон.

Натпреварот помеѓу Бетис и Барселона на програмата е денеска од 18:30 часот.