Црна Гора ја смрзна Србија на -16 и чека услуга од Германија за пласман во четвртфиналето
Србинките нема да играат во четвртфиналето, а Црна Гора сега чека услуга за место меѓу осумте најдобри екипи, од Германија мора да ја победи Шпанија.
Херој на денешната победа на Црна Гора беше голманката Атингре, која имаше дури 18 одбрани. Србија имаше очаен влез во натпреварот и покрај тоа што беше јасно дека евентуална победа ја носи меѓу осумте најдобри. На Србнките им беа потребни речиси осум минути за да го постигнат својот прв гол на натпреварот. Главна причина за овој лош настап беше голманката на Црна Гора, Атингре, која имаше дури десет одбрани само во првото полувреме од натпреварот и исто така успеа да постигне еден гол.
Црна Гора играше многу поцврсто во одбраната, па на Србија ѝ требаше многу време да се прилагоди на таква игра и на таков остар пристап кон играта. Србија имаше свои шанси во првото полувреме од натпреварот да ја намали предноста на Црна Гора, во неколку наврати беше на минус три, но грешките следеа во важни моменти, што резултираше со контранапад на противникот и лесни голови. Ништо подобро не беше ниту во второто полувреме, Црна Гора повторно отвори со 4-0.
Атингре продолжи таму каде што застана во првото полувреме од натпреварот, а Србија повторно имаше многу проблеми да стигне до голот. Како што времето минуваше, предноста на Црна Гора растеше, додека во последните десет минути играта на Србија целосно се распадна и оваа селекција доживеа тотален дебакл.