Вештачка интелигенција ги прогнозира следните 19 светски шампиони - Роналдо џабе се надева
Интересно е тоа што Португалија ја нема во блиска иднина, па ако се оствари ова, Кристијано Роналдо дефинитивно ќе ја заврши кариерата без најдрагоцениот трофеј во светот на фудбалот. Португалците, евентуално, би се израдувале на мундијалска титула во 2078 година, но прашање е дали Роналдо ќе може да се израдува на неа затоа што тогаш би имал 93 години.
Што се однесува до следното Светско првенство, АИ прогнозира дека титулата ќе ја однесе Шпанија по триумф против Аргентина со 2-1. Во 2030 година ќе триумфира Бразил, потоа Франција, па Англија и во 2042 година ќе слави Нигерија која на тој начин би станала прва селекција од африканскиот континент со овој трофеј.
ПРОГНОЗИРАНИ ПОБЕДНИЦИ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА
2026 Шпанија-Аргентина 2-1
2030 Бразил-Франција 3-1
2034 Франција - Германија 2-0
2038 Англија - Бразил 1-0
2042 Нигерија - Аргентина 2-1
2046 Германија - Шпанија 3-2
2050 Аргентина - Португалија 4-3
2054 САД - Мексико 2-1
2058 Јапонија - Франција 1-0
2062 Италија - Бразил 2-1
2066 Мароко - Англија 3-2
2070 Бразил - Германија 4-2
2074 Австралија - Шпанија 2-1
2078 Португалија - Франција 3-2
2082 Сенегал - Аргентина 1-0
2086 Холандија - Италија 3-1
2090 Мексико - САД 2-1
2094 Индија - Бразил 2-2 (4-3 на пенали)
2098 Германија - Португалија 2-0