Анчелоти се изнервира и ги расчисти сите дилеми околу Нејмар!

На Карло Анчелоти преку глава му дојде од прашања поврзани со евентуалното враќање на Нејмар во репрезентацијата на Бразил.

Нејмар од 2023 година нема настап за бразилската репрезентација, Анчелоти откако стана селектор не го повикал во националниот тим.

Сега откако имаше добра партија за клубот, Анчелоти доби ново прашање дали Бразилецот ќе биде повикан во репрезентацијата.

„Момци ве разбирам дека сте многу заинтересирани за Нејмар. Сакам да појаснам. Декември сме, Светското првенство е во јуни. Кога ќе го објавам составот ќе биде мај, ако Нејмар заслужува да оди, ако е добар, ако е подобар или на исто ниво со друг, тогаш ќе игра на Светско првенство, точка“, рече Анчелоти.