Брутален потег на Пантер - ја среди Звезда, па им покажа среден прст на навивачите (ВИДЕО)

Кевин Пантер имаше уште една драматична средба со Црвена Звезда и навивачите на белградскиот тим.

Иако не беше најефикасен во тимот на Барселона, Американецот постигна неколку важни поени во финишот од мечот и имаше огромен придонес во победата на „каталонците“ кои се искачија на делба на второто место во Евролигата. Додека си одеше задоволен кон соблекувалната,, Пантер повторно беше жестоко навредуван од домашните фанови, па не можеше да издржи и им покажа среден прст.

„Навикнав на навреди кога играм против Црвена Звезда во Белград, тоа не е ништо ново за мене. Апсолутно разбирам се што ми велат, живеев тука повеќе од три години, но едноставно некогаш мораш да им одговориш на идентичен начин“, објасни Пантер што се случувало во тие моменти.

Интересно е тоа што тој една сезона беше член на Звезда, но потоа три години помина во Партизан и во тој период го навлече гневот на „црвено-белите“ навивачи.