Фабрегас само за два клуба би заминал од Комо!
Според каталонскиот весник „Спорт“, Фабрегас нема намера да биде тренер на друг тим во Италија, а во Европа би заминал само за два.
Едниот е Барселона, а другиот Манчестер Сити.
За Барселона е јасно, но чудно е како весникот тврди дека Манчестер Сити е вториот тим кога Фабрегас нема поврзаност со овој клуб.
Тој во Премиер лигата играше за Арсенал и за Челси.