Мајката си го брани синчето: Циципас имал лоши резултати поради - згодна Шпанка!
Јулија е активна и го следи нејзиниот син на турнирите каде што настапува, а за Бадоса вели дека била голем проблем во кариерата на грчкиот тенисер.
„Нивната врска беше комплицирана од почеток до крај. Од една страна, му одземаше многу време и влијаеше на неговите резултати, а од друга страна разделбата тешко го погоди. И јас бев тенисерка и сметам дека тенисерите не смеат да реагираат толку емотивно“, кажа Јулија.
Гркот беше во трка со најдобрите, но падот во формата значеше и да ја заврши годината како 34. тенисер на АТП-листата.
Фото: EPA