Меси ги шокира Аргентинците: Би можел да бидам само гледач на СП 2026

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси сè уште не го потврдил неговиот настап на Светското првенство (СП) во 2026 година, иако покажа надеж дека ќе се најде во списокот на селекторот.

Меси во изјава за „ЕСПН“ зборуваше и за најлошото сценарио со кое ги шокира неговите сонародници.

„Се надевам дека ќе бидам таму, како што кажав и претходно. Во најлош случај, ќе бидам таму и ќе ги гледам натпреварите во живо. Мундијалот е специјален за сите, а посебно за нас“, кажа Меси.

Аргентина на последниот Мундијал во Катар во 2022 година го освои пехарот, а „гаучосите“ се надеваат дека ќе го повторат успехот следната година.