Тренерот кој неодамна го победи Обрадовиќ е кандидат за негов наследник во Партизан

Српскиот кошаркарски гигант Партизан остана без тренерот Жељко Обрадовиќ, кој си поднесе оставка и одлучи дека не сака да продолжи со работа во клубот, а сега се појави ново име кое би можело да го замени.

Медиумите од регионот пишуваат дека кандидат за кормилото на „црно-белите“ е поранешниот тренер на Барселона, Жоан Пењароја.

Искусниот стратег работеше во неколку екипи пред да се пресели во Барселона, со која на крајот на октомври извојува победа над Партизан на Обрадовиќ.

Пењароја може да се пофали и со две титули во Лигата на шампиони (ЛШ) на ФИБА, а го освои и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.

Фото: EPA