Премиерлигаш има амбициозен план - за пет години да стане еден од најдобрите во свет!

Новиот главен директор на Њукасл јунајтед, Дејвид Хопкинс има визија да го претвори тимот во еден од најдобрите до 2030 година.

Хопкинс пристигна на „Сент Џејмс парк“ пред три месеци, а веднаш ги претстави амбициозните планови за премиерлигашот.

Директорот на еден од најбогатите тимови во светот зборуваше за изградба на нов стадион и тренинг-центар, а потоа сопствениците од саудискиот фонд треба да инвестираат многу пари во нови засилувања.

„До 2030 година за овој клуб ќе се зборува дека е еден од најдобрите во светот. Таков напредок не трае толку долго колку што мислите. Потребна е јасна стратегија и план. Мора да имаме храброст да ги игнорираме сите кои се сомневаат во нас во моментов“, кажа Хопкинс.