Цветаноски даде нов гол за Железничар!

Македонискиот фудбалер, Матеј Цветаноски продолжува да дава голови за Железничар, овојпат беше стрелец во ефикасното реми од 3-3 против Широки Бријег.

Цветаноски даде гол и минатото коло против Борац Бања Лука, а денеска повторно беше стрелец за Железничар.

Со денешното реми славниот босански клуб ја прекина низата од три порази во босанската лига.

За Матеј Цветаноски ова беше трет гол оваа сезона.