Фердинанд и Шекил ќе бидат водители на ждрепката за СП 2026

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Рио Фердинанд ќе биде главен водител на ждрепката за Светското првенство (СП) во 2026 година. На церемонијата ќе му се приклучи и легендарниот кошаркар Шекил О’Нил, кој ќе му помогне за време на ждрепката.

Ждрепката за Мундијалот е закажана за петок од 18 часот, а на Фердинанд и Шекил ќе им се приклучат и други спортски легенди.

„Горд сум што можам да бидам дел од оваа приказна, заедно со извонредни личности, додека го откриваме составот на 12 групи кој го очекува цел свет“, кажа Фердинанд.