Дербито во Евролигата одложено - се поплавила салата! (ФОТО)

Дербито од 14. коло во Евролигата меѓу Олимпијакос и Фенербахче, кое требаше да се одигра вечерва, е одложено поради силно невреме кое ја поплави салата.

Силен дожд ја погоди Грција и предизвика колапс во државата, а предизвикана е и штета во салата каде што влегла голема количина на вода.

Новиот термин за одигрување на мечот дополнително ќе биде одреден од Евролигата.

Фото: Facebook/Olympiacos B.C.