Ужасни сцени: Рагбист му турна прст во око на ривалот, па доби суспензија! (ВИДЕО)

Рагби-ѕвездата Ебен Ечебет доби суспензија од 12 натпревари откако во саботата во Кардиф доби исклучување затоа што на ривалот Алекс Ман му турна прст во око.

Инцидентот се случи на самиот крај на натпреварот, кога Ечебет се обиде да го повреди противникот, по што му беше изречена жестока суспензија.

Дел од навивачите беа згрозени од сцените на теренот, па поради тоа рагбистот доби жестоки критики.