Паднаа и солзи во Белград: Сите сме Жељко Обрадовиќ! (ВИДЕО)

Навивачите на Партизан испратија јасна порака до управата на српскиот кошаркарски гигант кој се раздели со тренерот Жељко Обрадовиќ.

Пред почетокот на натпреварот имаше свирежи за кошаркарите, по што на трибините почна да се скандира „Жељко Обрадовиќ.

Навивачите истакнаа и голем број транспаренти, а паднаа и солзи меѓу нив кои сè уште не може да поверуваат дека трофејниот стратег го напушти кормилото на клубот.