ГОГ ја шокира Висла Плоцк и му избега на Пелистер!
Голема борба се водеше меѓу Висла Плоцк и ГОГ уште од самиот старт на натпреварот, а данскиот тим го доби првото полувреме со 16-14, додека на крајот триумфира со еден гол разлика (35-34).
ГОГ со оваа победа стигна до осум бодови, односно четири повеќе од Пелистер, со кој е еден од директните ривали во борбата за место во плејофот.
Пелистер се наоѓа на претпоследната позиција во групата Б со четири поени, додека пред него се наоѓа ПСЖ со шест бода.
На останатите натпревари Колштад го совлада Фуксе Берлин со 28-24, додека Веспрем триумфира над Спортинг со 32-31.
Фото: Facebook/GOG