По само четири месеци, на Нуњез му е преку глава од Саудиска Арабија

Минатото лето, уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњез го напушти Ливерпул и се пресели во Ал Хилал, но по се изгледа неговата авантура во Саудиска Арабија нема да трае долго.

Извори од Островот велат дека напаѓачот не е задоволен од животот во оваа арапска држава, а особено не од квалитетот на лигата и бара начин како да си замине оттаму. Не е исклучено веќе во јануари да отиде, а веќе има и заинтересиран клуб за неговите услуги.

Станува збор за Ривер Плејт чие раководството бара начин како да ја плати отштетата за него. Тренерот Марсело Гаљардо веќе имал контакт со Нуњез за да види какво е неговото расположение и да го увери дека треба да дојде кај него. Ал Хилал го купи Уругваецот за 53 милиони евра и тешко дека ќе го ослободи за сума помала од таа.