Проблеми во ВМФЛ: Најмалку четири натпревари утре нема да се играат

Утре на македонските фудбалски терени на програмата е 15. коло во ВМФЛ, но поради дождот кој ја зафати нашата држава колото нема да биде комплетно.

Според најавите четири натпревари сигурно нема да е играат и тоа се: Детонит - Скопје, Осогово - Новаци, Слога - Охрид и Кожуф - Вардар Неготино.

Исто така под знак прашалник е и дуелот помеѓу Големо Коњари и Тетекс, прилепскиот клуб поради состојбата на теренот го одложи и претходниот дуел на свој терен против Охрид.

Засега не е познато кога одложените дуели ќе се одиграат, меѓутоа веројатно ќе биде напролет.

НАТПРЕВАРИ ОД 15. КОЛО

Детонит - Скопје

Големо Коњари - Тетекс

Кожуф - Вардар Неготино

Осогово - Новаци

Победа - Брегалница

Шкендија Арачинново - Каменица Саса

Слога Виница - Охрид