„Џелатот“ на Македонија ја шокира Словенија - и тоа на нејзин терен
Селекцијата на прибалтичката држава славеше на гости кај Словенија со 94-93 по продолжение и драстично си ги зголеми шансите за пласман на континенталниот шампионат иако има уште многу да се игра. Словенците, како и сите силни репрезентации во квалификациите играат мошне ослабени, без најдобрите играчи, за разлика од Естонија која најчесто е со најдобрите кошаркари.
Хенри Дрел постигна 29 поени за Естонија, Куламае додаде 24, а Конончук 13. Во словенечката репрезентација Хорват беше најдобар со 23 поени.