Пол-позицијата на спринтот во Катар за Пјастри!

Сезоната во Формула 1 влгува во самата завршница која се очекува да биде интересна, Норис има 24 бода предност пред тимскиот колега Оскар Пјастри и Макс Ферстапен, а до крајот има само уште две трки и еден спринт.

Пјастри на последните настапи како да беше во мала криза, но сега пред Големата награда во Катар успеа да дојде до пол-позиција за спринтот.

Во спринт-вквалификациите во Лусаил, оствари време од 1:20.055 што се покажа како доволно, Расел остана зад него со задоцнување од 0.032

Тимскиот колега на Пјастри, Норис заврши како трет, додека на четвртата и петтата позиција се пласираа Алонсо и Цунода Ферстапен ќе тргне како шести.

Спринтот се вози в сабота од 15:00 часот, квалификациите се во 19:00, а главната трка в недела од 17:00.

Фото: EPA