Светски шампион со Италија од 2006 заврши на операција - има ретка болест на нозете! (ФОТО)

Повозрасните љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на Џанлука Замброта, легендарниот Италијанец кој со својата репрезентација стана светски шампион во 2006 година, а сега се соочува со здравствен проблем.

Замброта кој можеше да игра како лев и десен бек, додека во Јувентус добиваше улога на крило сега се соочува со ретка болест која му го отежнува одењето.

Станува збор за состојба поради која неговите нозе се во изглед на буквата „О“ и поради тоа во Болоња веќе му била направена операција.

На социјалните мрежи, Замброта објави фотографија со порака.

„Полека, но само напред“, стои во неговата објава.

Претходно медиумите пишуваа и дека докторите во болницата се чудат како воопшто може да оди.

„Во пракса ми ги исправаат нозете така што ми отсеекуваат мал дел од коската горе и доле и на нивно место се вградуваат плочки“, објасни поранешниот фудбалер.