Eвертон реагирал до ФА по глупоста на Геј против Јунајтед

Стратегот на Евертон, Дејвид Мојс, изјави дека Фудбалската асоцијација на Англија ја одбила жалбата на клубот за црвениот картон на Идриса Гана Геј, кој на дуелот со Манчестер јунајтед му удри шлаканица на својот соиграч Мајкл Кин.

Мојс нагласи дека Англиската асоцијација не дала никакво образложение за одбивањето на жалбата, што значи дека Геј ќе ги пропушти следните три натпревари во Премиер лигата, против Њукасл, Борнмут и Нотингем форест.

Геј уште во 13. минута од натпреварот во понеделникот против Манчестер јунајтед во една расправија му удри шлаканица на Кин и веднаш доби директен црвен картон.

И покрај тоа, Евертон успеа да поведе во 29. минута и со играч помалку да стигне до победа од 1-0 на гостувањето во Манчестер.

Клубот од Ливерпул во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи објави фотографија на која Геј и Кин се прегрнати и носат боксерски ракавици. Геј оваа сезона беше стартер на сите 12 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола.