Женската одбојкарска репрезентација остана без селектор - Пауновиќ си замина
Тој беше предводник на нашиот национален претходните четири години, а последен пат ја водеше репрезентацијата во квалификациите за Европското првенство.
„Одбојкарската федерација на Македонија му се заблагодарува на Пауновиќ за професионалниот однос, разбирањето и успесите кои женската репрезентација на Македонија ги направи со него како селекторЕ, објави Одбојкарската федерација.
Пауновиќ се враќа на клупско ниво и во иднина ќе го води словачкиот прволигаш Нове Место каде настапува македонската репрезентативка Ерјона Јонузи. Неговиот наследник треба да биде познат до крајот на оваа година.