Србите дома губеа со минус 23 од Швајцарија и направија – чудесен пресврт!

Кошаркарите на Србија со победа ги почнаа квалификациите за СП 2027 и тоа на далеку потежок начин од очекуваното, бидејќи максимално се испотија за на домашен терен да ја совладаат селекцијата на Швајцарија (90-86) во меч кој траеше 130 минути.

Србите играа со речиси третиот тим во моментов, со оглед што имаат многу играчи во НБА и Евролигата кои не можат да играат на овие средби среде сезона, но и покрај тоа како огромен фаворит влегоа против ривалот кого дури и Македонија го преслуша летоска во Гевгелија. Швајцарците блескаа во првото полувреме, кое го завршија со шокатни плус 23 (57-34), но потоа работите си дојдоа на свое место. Домашните полека, но сигурно ја намалуваа негативата, а клучна беше серијата 18-0 во последната четвртина со која дојдоа до целосен пресврт. Ристиќ со 24 и Миљеновиќ со 21 поен беа најпрецизни кај нашиот северен сосед.

Претходно, најголемото изненадување во првата рунда го направи Португалија, која како гостин ја прегази Црна Гора (83-62), додека Грција лесно ја преслуша Романија (91-64), а Шпанија ја освои Данска (74-64). Украина како гостин беше подобра како Грузија (92-79), а Турција немаше милост против БиХ (93-71).