Масовно лудило во Белград: Над 10 илјади фанови на Партизан го следат во живо летот на Обрадовиќ (ВИДЕО)
Во моментов, трофејниот стручњак патува кон српската престолнина, а за какво лудило се работи кај фановите на Партизан, најдобро зборува тоа што „летот на Обрадовиќ“ е најследен од сите во светот на специјализираниот сајт за следење на авионски летови. Повеќе од 10 илјади лица го означиле како приоритетен, а дополнителна тензија прави тоа што доцни околу еден час.
Луда атмосфера има и на белградскиот аеродром каде навивачите го чекаат Обрадовиќ да слета како да чекаат шампионска титула од Евролигата. Според првичниот редослед на летање, Обрадовиќ требаше да слета во 17:10 часот, но ќе пристигне по 18.