Рома оди со сите сили по титулата: Гасперини ќе добие засилувања во јануари
Новиот тренер Џанпјеро Гасперини одлично си ја врши работата и досега ги надмина амбициите бидејќи ни најголемите навивачи не планираа на крајот на декември „волчицата“ да биде на првото место. Управата на клубот ќе се обиде да го поддржи Гасперини поради што е планирано во јануарскиот преоден рок да бидат донесени неколку засилувања.
Прва цел ќе биде Џошуа Зиркзе кој му е многу добро познат на Гасперини затоа што заедно работеа во Аталанта. За другите засилувања ќе се одлучува дополнително.