Направен е првиот чекор: Руските спортисти се враќаат

Светската џудо федерација одлучи да дозволи целосно враќање на руските натпреварувачи на сите натпреварувања под нејзина надлежност.

Ова значи дека тие ќе имаат право да се борат под своето знаме и ќе им биде дозволено да ја слушнат химната на најголемата земја во светот на подиумот. Тоа ќе почне да се применува од Гренд слем турнирот во Абу Даби во декември 2025 година.

Досега, Русите можеа да се натпреваруваат, но како неутрални борци. Во објаснувањето се наведува дека „Русија е една од водечките земји во џудо и дека нивното враќање дополнително ќе го зголеми квалитетот на натпреварувањето“. Конечно, се наведува дека спортот мора да остане независен од политиката.