Ако вечерва загубиме од Азербејџан - кошарката да се укине како спорт во Македонија!
Според формата на ривалот и квалитетот на составот, избраниците на селекторот Марјан Илиевски важат за изразити фаворити на стартот од циклусот. Азербејџан пристигнува со разнишана самодоверба, имајќи предвид дека во последните осум натпревари забележа седум порази. Капитулираа против селекции како Ирска, Косово, Швајцарија, Андора и Малта — резултати кои ја нагласуваат предноста на Македонија во вечерашниот меч. Оптимизам најавува и повратникот во националниот тим, Андреј Јакимовски, кој потенцира дека фокусот е насочен исклучиво кон првиот предизвик:
„Се концентрирам на дуелот со Азербејџан и ги повикувам навивачите да дојдат и да не поддржат. Ова е првиот чекор кон целта — место на ЕП 2029. Поради оправдани причини бев оддалечен од репрезентацијата, но сега сум тука, подготвен да помогнам на тимот и на селекторот“, истакнува еден од клучните адути на Македонија.
Покрај Азербејџан, во групата се наоѓа и Луксембург, а само тимот што ќе заврши на првото место ќе обезбеди директен пласман во втората претквалификациска фаза.