Баерн гостува кај Арсенал на „Емирати“, Олимпијакос го пречекува ослабениот Реал
Арсенал досега не прими ниту еден гол, а притоа ги совлада Атлетик Билбао, Олимпијакос, Атлетико Мадрид и Славија Прага, но сега ги чека потежок предизвик, но има и проблеми со повредени фудбалери. Габриел нема да настапи против Баерн, додека Одегард, Хаверц и Жесус не се сигурни за настап.
Баерн е во одлична форма, односно во Бундеслигата е на првата позиција, а во ЛШ исто така има максимален број на бодови.
Тимот на Венсан Компани постигна дури 41 гол во 11 кола во германскиот шампионат, па ќе се обиде да најде решение за цврстата одбрана на „топчиите“.
Реал ослабен гостува кај Олимпијакос, односно тренерот Чаби Алонсо не може да смета на голманот Тибо Куртоа, Дин Хујсен, Антонио Рудигер и едер Милитао.
„Кралевите“ имаат три победи и еден пораз во ЛШ, додека Олимпијакос има две ремија и два порази, па вечерва грчкиот гигант ќе се обиде да ја прекине црната серија.