Неверојатно: Челси запре серија на Флик која траеше 36 натпревари!

Светскиот клупски шампион Челси ја декласира Барселона со 3-0 во Лигата на шампиони (ЛШ), а притоа успеа да запре неверојатна серија на Германецот Ханси Флик.

Флик пред мечот на „Стемфорд бриџ“ со неговите екипи беше во серија од 36 меча во кои постигнувале гол, односно 18 во Баерн Минхен и 18 во Барселона во елитното натпреварување.

Таа серија, сепак, заврши синоќа во Лондон каде што Барселона не постигна гол, а немаше ниту многу шанси за такво нешто против „сините“.