Јанта ја продолжува европската авантура против Младост Загреб во ЦЕВ Купот
Младост Загреб има квалитетен состав и досега загуби само еднаш во домашниот шампионат (2-3 против Марина Каштела), додека минатата сезона беа дел од Лигата на шампиони (ЛШ).
„Имаме сериозен и квалитетен противник како следна пречка во европските клупски купови. Екипа предводена од италијански стратег, со искусни играчи и кениската репрезентативка Овино, во своите редови. Како и на претходните натпревари така и сега, ние сме фокусирани на нашата игра. Приоритет е да се одигра на високо ниво, дисциплинирано и мотивирано, а резултатот да дојде сам по себе. Целата европска сезона сме со скромни очекувања, така ќе биде и овојпат. Ќе се потрудиме уште еднаш достојно да го претставиме нашиот клуб, македонската одбојка и државата во Европа“, кажа спортскиот директор на Јанта Волеј КВ, Горан Јаневиќ.
Одбојкарките на Јанта Волеј веќе испишаа историски успех со двете победи во првата рунда од ЦЕВ Лига на шампиони, но потоа беа елиминирани во втората рунда.