Растур систем во Атина: Партизан девет минути без поен, Панатинаикос згази
Белградскиот тим се држеше до третата четвртина кога резултатот беше 52-50 зза ПАО, а потоа почна распадот. Грчкиот тим направи серија од 25-0, Партизан беше без постигнат поен девет минути и на почетокот од последната четвртина веќе беше јасно каков ќе биде исходот на овој меч.
Третиот период гостинскиот тим го заврши со само шест поени што е недозволиво за екипа што се натпреварува во Евролигата. Кендрик Нан го наполни кошот на Партизан, реализира 26 поени со седум скока и оствари индекс 39. Кај Партизан само Браун беше двоцифрен, со 16 поени.
Српскиот и АБА шампион останува на 18. место на табелата во Евролигата, додека Панатинаикос се израмни со лидерот Хапоел откако ја оствари четвртата победа во низа.