Ако се пласира на СП, Македонија ќе биде во последниот барабан!
ФИФА ги објави шеширите според кои сите кои играат во бараж ќе се наоѓаат во последниот шешир и тоа ќе значи дека може да добијат посилни ривали при ждрепката за групите на СП 2026.
Оваа одлука дефинитивно нема да им се допадне на репрезентации како Италија, Данска, Турција и други, додека Македонија нема премногу да се жали затоа што приоритет е пласман на големото натпреварување за првпат во нашата историја.
Македонија во полуфиналето на баражот ќе игра против Данска на 26 март, а доколку успее да ја помине, тогаш пет дена подоцна ѝ следи битка против подобриот од пресметката меѓу Чешка и Ирска.
