Роналдо дозна дали ќе го пропушти стартот на СП 2026 поради глупоста во Даблин
Светската фудбалска федерација (ФИФА), сепак, соопшти дека Роналдо нема да го пропушти стартот на Светското првенство (СП) во 2026 година, односно бил суспендиран само со еден меч.
Суспензијата од еден меч значи дека веќе Роналдо ја отслужил затоа што не беше во составот за пресметката против Ерменија во последното коло од квалификациите за СП.
Ова е одлична вест за португалскиот фудбалер, кој ќе биде достапен да ѝ помогне на татковината уште на самиот почеток на Мундијалот.
Фото: EPA