Македонија до 15 години загуби од Србија на пријателскиот меч во Скопје
Србија го скрши отпорот на Македонија во финишот на првото полувреме со головите на Матеја Јовановиќ и Кабир Наиловиќ (2-0).
Вукашин Мирковиќ зголеми на 3-0 на почетокот на вториот дел, а потоа Павле Пријовиќ зголеми на 4-0. До крајот на мечот стрелаше Доротеј Христов за да ги постави конечните 1-4.
Македонија и Србија ќе одиграат втор контролен меч на 27 ноември од 11 часот.