Јокиќ го излуде и американскиот коментатор: Тројкааааа!! (ВИДЕО)

Никола Јокиќ беше во главна улога на ноќешниот меч против Мемфис на кој го оствари десеттиот трипл дабл во сезоната.

Највпечатлив момент од натпреварот беше тројката која Србинот ја постигна од центар и тоа без многу напор што дополнително ги воодушеви присутните во арената, а и американскиот коментатор.

„Тројкааааа“, викаше коментаторот на јазикот на кој зборува и Никола Јокиќ.

Српскиот ас повторно е еден од најдобрите играчи во НБА и секако меѓу кандидатите за МВП на сезоната.