Осогово победи среде Штип, Новаци со еврогол ја смрзна Шкендија! (ВИДЕО)

Исклучително возбудливо беше на дербито на истокот каде Брегалница на свој терен загуби од Осогово со 0-1 и не го искористи поразот на Шкендија Арачиново кај Новаци за да се искачи на лидерската позиција во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Брегалница може да жали за пропуштеното, но фудбалерите на Осогово одиграа храбар натпревар и заслужено ги освоија трите бода. Единствениот погодок во Штип беше постигнат во првото полувреме кое беше израмнето. Брегалница пропушти повеќе шанси, имаше два пенали кои не ги искористи, а ја погодија и стативата од голот на Осогово.

Исто како Брегалница помина и Шкендија Арачиново која со 0-1 загуби на гостувањето кај Новаци. Но благодарение на киксот на штипскиот тим се задржа на врвот. Победничкиот гол на Новаци беше фантастичен. За Шкендија ова е втор пораз по ред откако претходно го загуби дербито против Брегалница.

Најубедлив денеска беше Скопје кој со 4-0 славеше над Големо Кањари, Беласица со 2-0 победи на гостувањето кај Каменица Саса. Охрид со 1-0 беше подобар од Детонит Плачковица, Слога Виница со 2-1 победи кај Преспа, немаше голови на мечот меѓу Вардар Неготино и Победа.

РЕЗУЛТАТИ:

Осогово - Брегалница 0-1
Новаци - Шкендија (А) 1-0
Скопје - Големо Коњари 4-0
Каменица Саса - Беласица 0-2
Охрид - Детонит 1-0
Преспа - Слога Виница 1-2
Вардар Неготино - Победа 0-0