Србите откриваат: Вардар потпишал со репрезентативец на Бразил од – следната сезона!
Причина што оваа информација доаѓа од Србија е што станува збор за ракометар на Војводина, каде што ја игра својата втора сезона, но од каде што е на излезна врата. Според српските медиуми, управата на тимот од Нови Сад бара начин како веднаш да се ослободи од Да Силва, кој подолг период е надвор од теренот поради повреда. Се подготвува раскин веќе за во јануари, што може да отвори шанса за негово доаѓање во Скопје шест месеци пред предвидениот рок.
Бразилецот игра на позицијата среден бек и има големо интернационално искуство, со оглед што повеќе од една деценија игра во Европа, меѓу другото и за тимови како Адемар Леон, Шамбери, Бенфика, Стеауа и Динамо Букурешт. За „кариоките“ има 53 настапи и 114 постигнати голови.