Разбојниците кои го ограбија Исак ќе платат смешна парична казна!

Криминална банда привлече големо внимание откако го ограби фудбалерот на Ливерпул, Александер Исак во март 2024 година, меѓутоа набрзо лицата беа приведени од полицијата, која го објави и нивниот идентитет, а сега и казната која треба да ја платат.

Четири лица се осомничени за грабежот, а тоа се браќата Валентино и Ѓакомо Николови, нивната сестра Јела Јовановиќ и нејзиниот син Чарли Јовановиќ.

Англиските медиуми пишуваат дека од домот на напаѓачот биле украдени околу 12.000 евра во готовита, накит во вредност од 80.000 евра, луксузен автомобил Ауди РС6 од 140.000 евра.

Истрагата го поврза случајот со уште две кражби во домови на богати лица. Тие украле скапа облека и накит, но полицијата на 13 април 2024 година ја лоцирала бандата и истата била приведена, по што судот во Њукасл им изрече затворски казни од шест до 10 години.

Меѓутоа, финансискиот дел од пресудата предизвика најмногу коментари зашто обвинетите ќе мора да платат смешна казна. Валентино, Ѓакомо и Јела ќе платат само по едно евро, додека Чарли ќе треба да плати 1.330 евра.

Судијата Роберт Спраг кажа дека обвинетите немаат друг имот и симболичната парична отштета не значи крај на процесот. Ако во иднина се открие дека имаат пари, недвижнини или друг вреден имот, обвинителството ќе им го заплени.

Фото: Liverpool