Пелистер со „тројка“ го закова Шкупи на дното – мајсторски гол на Булатовиќ (ВИДЕО)
Битолчани уште во 4. минута ја затресоа мрежата преку Немања Здравковиќ, но голот беше поништен по интервенција на ВАР поради офсајд. Средбата беше решена во второто полувреме, а домаќинот прв го начна Петковски, кому Мрмачовски одлично му асистираше. Само неколку минути претходно, ВАР му поништи гол на капитенот на Шкупи, Муарем, кој можеше целосно да го промени текот на мечот. Потоа следеше колапс на чаирчани. За кратко време домаќините примија нов удар – Ристевски се најде на вистинското место и ја удвои предноста на битолчани. Точката на дуелот ја стави Булатовиќ со прекрасен удар кој го остави Гроте без реакција.
Пелистер со овој триумф стигна до 14 бодови и се израмни со Македонија ЃП на деветтата позиција. Шкупи, пак, останува последен со само еден освоен бод.