Барса нема право на грешка во Лондон, Јуве на далечниот Север брка прв триумф!
Во центарот на вниманието е средбата меѓу Арсенал и Баерн во Лондон, закажана за утре, кога Интер ќе го дочека првиот голем европски тест – гостување кај Атлетико Мадрид, само неколку дена по болниот пораз во градското дерби со Милан. Вечерашната програма исто така носи дерби - Челси ја пречекува Барселона во борба за поволна позиција во горниот дел од табелата. И двата тима имаат по седум бодови, а победникот би направил крупен чекор напред.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, најави офанзивни амбиции.
„Одиме во Лондон по победа, Барса не знае да игра поинаку“, изјави германскиот стратег.
Каталонците оваа сезона имаа низа киксеви и повреди, но враќањето на Рафиња и Ламин Јамал буди оптимизам дека тимот конечно се комплетира. Барселона моментално е 11-та на табелата, а притисокот за пласман меѓу осумте најдобри е голем. Челси е позиција подолу, а тренерот Енцо Мареска смета дека ваквите натпревари се неопходни за развој на тимот.
Наполи, пак, е во тешка ситуација со само четири бода по четири кола. По високиот пораз од ПСВ и ремито со Ајнтрахт, тимот на Антонио Конте речиси и нема простор за нов кикс. Карабах, кој претходно освои бод против Челси, се надева на уште едно изненадување. Првиот триумф во елитата го брка и Јувентус, кој по три ремија и пораз гостува кај Боде/Глимт.
ДЕНЕСКА: Ајакс – Бенфика, Галатасарај – Ројал Унион (18.45 часот), Боде/Глимт – Јувентус, Челси – Барселона, Борусија Дортмунд – Виљареал, Манчестер Сити – Баер Леверкузен, Марсеј – Њукасл, Наполи – Карабах, Славија Прага – Атлетик Билбао (21).
СРЕДА: Копенхаген – Каират, Пафос – Монако (18.45), Арсенал – Баерн Минхен, Атлетико Мадрид – Интер, Ајнтрахт – Аталанта, Ливерпул – ПСВ, Олимпијакос – Реал Мадрид, ПСЖ – Тотнем, Спортинг – Клуб Бриж (21).
ФОТО: EPA PHOTO