Вардар со ракометар помалку против Сесвете ќе проба да ја завери нокаут-фазата во ЕЛ!

Екипата на Вардар вечерва го има едно од клучните гостувања во групната фаза на Европската лига – дуелот со Сесвете во претпоследната рунда, кој може и математички да му го обезбеди пласманот во плеј-офот.

Евентуална победа во Хрватска ќе му гарантира на поранешниот двоен европски првак една од двете водечки позиции во групата. Тимот на Иван Чупиќ на ова гостување ќе настапи со скратен ростер, бидејќи за оваа средба се пријавени 15 ракометари. Од составот отпаднал Мигел Пинто, најверојатно поради повреда, што е единствена промена во споредба со претходниот натпревар против Кристијанштад.

Мечот Сесвете – Вардар е закажан за 20.45 часот во Загреб.